Златан со прв гол во 2022, Милан рутински до триумф со Венеција!

119

Не му требаше многу, само две минути за да покаже кој е кој. Се знае, тоа е Златан Ибрахимовиќ кој во оваа 2022 година го постигна првиот гол и тоа уште во 2.минута на гостувањето кај Венеција. Инаку Венеција е 80-тиот клуб во ТОП 5 лигите, или вкупно 125 клуб, против кого Златан постигнува гол во својата долга кариера. Интересно е тоа што тој постигнувал гол(ви) на официјални мечеви од 1999 до 2022, значи во сите овие 24 години.
Импресивно.

Инаку Милан денеска во меч од 21.коло во Серија А со 0:3 на гости успеа на рутински начин да ја победи Венеција и со тоа да избие на првото место на табелата со два бода повеќе од Интер, но и со два меча повеќе одиграни од својот градски ривал.

Рековме веќе, Милан поведе со голот на Ибрахимовиќ во 2.минута, додека Тео Ернандез во 48. и 59.минута успеа да стрела двапати за конечни 0:3.

ПретходноВлхова прва во Крањска Гора!
СледноМишевски: Подготвени сме за ЕП!