Куманово ги запали „моторите“, останува без еден странец?

601
После паузата поради новогодишните и божиќни празници, Куманово продолжи со тренинзите за продолжение на сезоната во Првата лига.
Тренерот Владимир Мирковски на првиот собир го немаше на располагање Лаловиќ, кој најверојатно во продолжение ќе го носи дресот на Кожув, останатите членови се појавија на прозивката.

Првиот меч Куманово во 2022 година ќе го одигра на домашен терен против Гостивар натпревар кој е планиран да се одигра на 22. јануар, станува збор за меч од 13.коло на машкиот кошаркарски шампионат.

Куманово на паузата замина на 10. позиција на табелата, пред МЗТ Скопје 2 и Ангели.

ПретходноБројки и факти пред ЕУРО 2022: Лазаров е единствениот Македонец кој се запишал во историјата!
СледноКога во 89.минута ќе дадеш победнички гол а твојот татко-тренер, ќе те “награди“ со шлаканици! (ВИДЕО)