Менаџерот на Кристијано Роналдо итно слетал во Манчестер за да се види со својот играч, пишува „Daily Mail“.
Португалецот неофицијално не е задоволен од начинот на кој се одвиваат работите на „Олд Трафорд“, иако на 21 средба има постигнато 14 голови. Но, Јунајтед заостанува зад Сити со 22 бода, не игра добро, а новиот тренер, Ралф Рангник не успеа да ги разбуди момците.
„Кристијано е загрижен за ситуацијата во Јунајтед. Тимот е на удар на жестоки критики, тој е свесен дека лидерската улога е во негови раце. Португалецот е под стрес поради се, очајнички сака неговиот кам-бек во Јунајтед да биде успешен. Но, свесен е дека битката за трофеите нема да биде лесно. Хорхе мина некое време со него, разговараа за потенцијални решенија. Ништо нема да биде изненадување“, вели неименуван извор.
Англиските медиуми и претходно објавија дека Роналдо не е задоволен од работата на новиот тренер, кој пак сака јавно да ги критикува играчите по лошите резултати.