Михајловиќ за Новак: Го направија херој на антиваксерите!

684

И натаму продолжува агонијата на Новак Ѓоковиќ во Мелбурн. Најдобриот светски тенисер вечерва или рано утре наутро ќе ја дознае одлуката на судот што и како ќе биде со него. Дали ќе биде депортиран, дали ќе може да настапи на Австралија опен. Сега се е во рацете на судот во Мелбурн.

Во Србија и натаму “врие“, се прават протести во знак на поддршка и во Мелбурн, а властите во Австрлија си имаат свои изговори.

Синиша Михајловиќ има свој и тоа интересен коментар за она што му се случува на својот сонародник…

Според мене тој е жртва и не е главен виновник за целата оваа збрка. Бесмислено е најдобриот тенисер во светот да биде чуван во хотел заедно со депортирани луѓе. Инаку Австралија од него направи херој на антиваксерите. Незгодна е ситуацијата, според мене главни виновници се организаторите“ рече покрај другот Михајловиќ.

ПретходноСасуоло триумфално во Емполи
СледноТотенхем се спаси од бламажа во ФА купот