Мурињо: Не оди работата, имам слабаци во екипата

484

Рома доживеа пораз на „Олимпико“ од Јувентус со 3:4 иако до 70. минута водеа со 3:1. „Волчицата“ ги држеа конците во свои раце, а потоа тотално се распаднаа. Од 70. до 77. минута примија три гола, потоа промашија пенал за да спасат барем бод.

Тренерот на Рома Жозе Мурињо беше бесен по натпреварот:

Бевме добри 70 минути и потоа следуваше психолошки колапс. Вториот гол на Јуве ги сврте работите. Ривалот се крена ментално, а ние се исплашивме. Тоа е психолошкиот момент. На крајот на денот, кога сте заглавиле во гомна, се кревате на нозе и се обидувате да бидете посилни на следниот натпревар. Меѓутоа во соблекувалната имам играчи кои се слабаци, ментално истрошени.

Им реков на играчите дека ако натпреварот траеше 70 минути тогаш ќе ги пофалев за перфектниот настап. За жал не заврши тогаш“, изјави Мурињо.

ПретходноХаосот во Србија продолжува: Милосављев е позитивен на Ковид-19
СледноБековите му ја донесоа победата на Интер над Лацио (видео)