Победа ќе се “тестира“ со Тиквеш, Воска Спорт, Беласица…

960

Есенскиот првак во Втората лига-Исток, екипата на Победа, за утре го закажа стартот на зимските подготовки. Спортскиот директор Благоја Гешоски и Шефот на Стручниот штаб Димитар Капинковски пред играчите ќе го образложат планот на подготовките а ќе бидат обелоденети и неколку засилувања кои ќе го подигнат квалитетот на тимот во борбата за пласман во прволигашката конкуренција. Со тренинзи заедно со екипата по успешно минатиот период на рехабилитација се очекува да се приклучи стоперот Христијан Кукески, а на располагање се и двајцата млади фудбалери Давид Дебрешлиоски и Христијан Поп-Антоски, кои се враќаат од 6-месечната позајмица на Братство и ќе конкурираат како за првата екипа така и за кадетско-младинските екипи. Од играчите кои настапуваа во есенскиот дел Победа се заблагодари на услугите на Петар Најдов, Дарко Дигаловски и Кирил Неделков.

Според планот екипата во Прилеп ќе тренира до 24 јануари кога ќе замине на 10-дневни подготовки во Стар Дојран. За време на подготовките во овој наш туристички центар ќе бидат одиграни и првите два контролни натпревари со Кожуф (27 јануари) и Беласица (2 февруари), а закажани се и две посилни контролки во Прилеп со Тиквеш (6 февруари) и генералката со Воска (12 февруари).

ФОТО: FK Pobeda FB

ПретходноАвстриецот Стролц победник во Аделбоден!
СледноРајо без Столе до бод со Бетис! (ВИДЕО)