Рајо без Столе до бод со Бетис! (ВИДЕО)

180

Столе Димитриевски повторно не беше во тимот на Рајо Валјекано, иако беше најавуван како стартер на голот на својот тим. Сепак попладнево на мечот со Бетис, не беше ни на клупата.

Или е трансфер или пак е повреда во последен момент, или пак короната уште не сака да го “откачи“.

Инаку на местото на Столе бепе Лука Зидан, а тимот на Рајо Валјекано на свој терен одигра 1:1 против фаворитот Бетис.

Гостите од Севилја поведоа со голот на Каналес во 45+2.минута, додека за Рајо стрелец беше Балиу во 70.минута. Да кажеме дека цели 60 минути гостите играа со играч помалку зошто Морено во 33.минута бепе исклучен.

ПретходноПобеда ќе се “тестира“ со Тиквеш, Воска Спорт, Беласица…
СледноСасуоло триумфално во Емполи