Сасуоло триумфално во Емполи

105

Тимот на Сасуоло оствари супер победа на гостувањето кај Емполи денеска во рамките од 21. коло во Серија А, со конечни 1:4. Во дуел во кој гостите тотално доминираа и играчки и резултатски Берарди погоди уште во 13 минута за 0:1 од пенал, а домашните само за момент се вратија резултатски. Погоди Хендерсон три минути подоцна, но тоа беше се од Емполи на овој меч. Во 24 минута Распадори погоди за 1:2, а откако Скамака зголеми во 67. на 1:3, Распадори со својот втор гол донесе водство од 1:4.

Конечните 1:5 ги постави Скамака  во последните секунди од натпреварот. Сасуоло со овој триумф го освои 28. бод сезонава, колку што има и Емполи, но Сасуоло има подобра гол разлика, па е деветти, место погоре на табелата.

 

 

ПретходноРајо без Столе до бод со Бетис! (ВИДЕО)
СледноМихајловиќ за Новак: Го направија херој на антиваксерите!