Севиља минимално на домашен терен

95

Тимот на Севиља го одржа курсот кон самиот врв на табелата во овогодинешниот Примера шампионат со уште една победа. Извојувана во дваесеттиот меч сезонава, над Гетафе на домашен терен со минимални 1:0.

Стрелец на единствениот гол на овој меч Рафа Мир во 22.  минута од мечот. Домашните имаа уште моменти пред противничкиот гол, но ги имаа и гостите но не успеаа да реализираат и да се спасат од пораз.

Севиља го освои 44. бод сезонава, со што се зацврсти на втората позиција на табелата, со пет  бода помалку од Реал Мадрид, но и меч повеќе, додека пак Гетафе, ќе има жестока битка за опстанок до крајот со 18. бодови и 16 место во моментов.

ПретходноМомчило Рашо повторно во одбраната на Работнички!?
СледноАталанта го „уништи“ Удине, Елмас и Наполи со домашен триумф (ВИДЕО)