Се враќа после 941 ден: Последен пат кога постигна тројка не знаевме за Ковид-19

505

Клеј Томпсон се враќа на терените по долгата пауза. 31-годишниот кошаркар доби зелено светло од лекарскиот тим, а оваа информација ја потврди Голден Стјет на својата официјална страница. Тој ќе игра на дуелот против Кливелнд.

Еден од најдобрите тројкаши во историјата на НБА-лига се повреди во јуни 2019 година во шестиот финален меч против Торонто. На оваа средба постигна 30 поени, но настрадаа лигаментите на левото колено, без него во составот Вориорс беа поразени во серијата. Потпиша нов договор со клубот и замина на операција.

Томпсон од тој меч до кам-бекот поминаа 941 ден, поточно две и пол години, интересно што дресот на Вориорс го носеше кога светот не знаеше за коронавирусот.

Со оглед на тоа дека Голден Стјет игра одлично сезонава и има скор од 28-9, со Клеј ќе биде дополнително незапирлив.

ПретходноФернандеш со култна изјава за тоа дали ќе се сели во Барселона
СледноСрбинот Радомир Коковиќ во „игра“ за клупата на Академија Пандев!