Александар Васоски и официјално е минато во Академија Пандев. Тој си замина од Струмица и седна на клупата на Сараево, гигантот во БиХ.
Па така сега „пандевци“ се во потрага по нов тренер. Едно од имињата кои се во “игра“ е и српскиот стручњак Радомор Коковиќ. Станува за млад стратег, има 38 години, но важи за еден од најталентираните тренери во својата земја. Последен клуб каде што бил прв тренер му e Раднички Ниш, а претходно ги водел екипите на Графичар, Вождовац, Земун.
Со него се водат преговори, но исто така се водат разговори и преговори со уште најмалку двајца наши тренери, од кои едниот навистина, ако биде, ќе биде големо изненадување како тренер на Академија Пандев. Тим кој што во пролетниот дел има амбиции да го задржи тоа второ место на табелата и да избори излез на евро – сцената.
Нема многу време, подготовките веќе се стартувани, па така најдоцна до утре би требало да се знае кој ќе биде наследникот на Васоски.
ФОТО: SportKlub.rs