Му се закануваше вистинска катастрофа на тимот на Тотенхем во тамките од 1/32 фазата од ФА купот денеска против нисколигашот Моракамп, но за среќа избраниците на Антонио Конте на време се соземаа, па по негативата од 0:1 успеаа на крајот да слават со конечни 3:1. О‘Конор успеа да погоди за 0:1, и да најави можна сензација, а Тотенхем имаше негатива се до 74. минута. Тогаш Вајт погоди за 1:1, а во 85. минута Лукас Моура конечно му донесе мир на домаќинот. Хери Кејн мораше да влезе во игра и да ги постави конечните 3:1.
Ливерпул со 4:1 го совлада Шеузбери, додека пак Вест Хем го совлада Лидс со конечни 1:0.
Резултати 1/32 ФА Куп:
Чарлтон – Нориџ 0:1
Ливерпул – Шрузбери 4:1
Стоук – Лејтон Ориент 2:0
Тотенхем – Морекамп 3:1
Вест Хем – Лидс 1:0
Вулверхемптон – Шефилд Јунајтед 3:0