Трезеге ќе биде спортски директор на трофеен еквадорски клуб

189

Поранешниот француски репрезентативец Давид Трезеге ќе има нова улога во фудбалот. Тој ќе биде спортски директор и тоа не во Европа, туку во Јужна Америка. Според информациите кои пристигнуваат од овој континент Трезеге наскоро ќе стане спортски директор на еден од најтрофејните клубови во Еквадор – Емелек.

Трезеге веќе слетал во Гвајакил каде ги договорал условите со што наскоро ќе биде претставен како директор на „синиот балет“ кој 14 пати бил првак на Еквадор, само Барселона Гвајакил е потрофеен од нив со две титули повеќе.

Трезеге играше во Монако, па десет години во Јувентус, потоа во шпански Херкулес, беше во Ривер Плата, потоа во Њуелс Олд Бојс, а кариерата ја заврши во 2014 година во индиски Пуне Сити.

Трезеге е светски првак со Франција од 1998 година и европски првак од 2000 година.

ПретходноПСЖ испратил понуда за Ридигер и тоа појака од онаа на Реал
СледноХаосот во Србија продолжува: Милосављев е позитивен на Ковид-19