Португалската ѕвезда во Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш даде интресна изјава околу гласините за негов трансфер во Барселона. Португалската „Спорт ТВ“ грмна дека халфот може да се пресели на „Ноу Камп“ и да игра за Барселона, па дури и претставници на играчот зборувале со колеги од каталонскиот клуб за да направи трансфер уште во јануари.
„Чекај, чекај, нешто не ми е јасно. Како што знам 1 април е далеку. Само што почна Новата година. Мора да е некоја шега или можеби новинарите лоши си ја работат работата“, е коментарот на Фернандеш.