Ѓорѓиоски ги „построи“ штипјани!

1595

Вчера новиот стратег на Брегалница, Илчо Ѓорѓиоски заедно со играчите го одработи првиот тренинг како шеф на тимот. Се работеше на теренот на Градскиот стадион под Исарот, а веднаш од негова страна им беше кажано што се бара и што се очекува од нив.

Се разбира дека амбициите напролет се да се биде што поблиску до врвот на табелата, а за таа цел Брегалница ќе донесе и адекватни засилувања. Како нови имиња се споменуваат Кристијан Стојкоски и Давид Атанаскоски.

Главната фаза од подготовките ќе се одвива во Анталија, каде ќе се одиграат и неколку пријателски средби.

ФОТО: Stipski Asovi FB

ПретходноКога во 89.минута ќе дадеш победнички гол а твојот татко-тренер, ќе те “награди“ со шлаканици! (ВИДЕО)
СледноБабунски на „радарот“ на ЦСКА Софија!