Аталанта го „уништи“ Удине, Елмас и Наполи со домашен триумф (ВИДЕО)

151

Рапсодија на тимот на Аталанта на гостувањето кај Удинезе попладнево во рамките од новото коло во Серија А. Триумфот од огромни 2:6 и тотално уништување на противникот кој си замина со наведнати глави од теренот во Удине.

Аталанта уште од самиот старт на овој меч покажа зошто е дојдена во Удине, и по само дваесетина минути игра преку Пашалиќ и Муриел водеше со 0:2, а Малиновски уште пред полувреме зголеми на 0:3. Молина на кратко ги врати надежите на домашните по паузата, и намали на 1:3 но следуваше нова казна. Муриел за 1:4, Бето повторно го враќа Удинезе на „минус“ два но Маеле и Песина до крајот означуваат катастрофа за Удинезе.

Наполи минимално но заслужено

Елис Елмас ги одигра сите деведесет минути за својот тим Наполи во домашниот триумф од 1:0 над Сампдорија. Стрелец  на единствениот гол на овој меч беше Петања во финишот на првиот дел.

ПретходноСевиља минимално на домашен терен
СледноАбубакар за стартен триумф на Камерун (ВИДЕО)