Бројки и факти пред ЕУРО 2022: Лазаров е единствениот Македонец кој се запишал во историјата!

2361

Традиционално пред стартот на секое Европско првенство, ЕХФ за љубителите на ракометот издвојува интересни бројки и факти поврзани со ова натпреварување.

Колку дебитанти ќе има на ЕП 2022, колку мечеви ќе се одиграат, кои се рекордери по постигнати голови? Одговорите секогаш ги има ЕХФ.

Кирил Лазаров и натаму останува единствениот македонски ракометар кој се запишал во историјата на ова натпреварување. Тој до ЕУРО 2020 беше најдобриот стрелец на сите времиња со 61 погодок, остварен во 2012 година. Неговиот рекорд го мина Сагосен, пред две години стигна до бројката од 65 голови. 

0 – На ЕП во Унгарија и Словачка нема да има ниту еден дебитант.

0 – До сега не се случило еден играч двапати да биде прогласен за најдобар стрелец на ЕП.

1 – Само еден тренер освои злато со странска земја: Дагур Сигурдсон од Исланд ја доведе Германија до злато во 2016 година.

1 – Само еднаш најдобриот стрелец на ЕХФ ЕУРО го освои златото на истиот турнир: Ларс Кристијансен (Данска/2008).

2 – Двајца ренери можат да станат први што ќе го освојат ЕХФ ЕУРО и како играч и како тренер: Селекторот на Франција Гијом Жил го освои играјќи за Франција; Словенечкиот селектор Љубомир Врањеш тоа го стори со Шведска.

2 – Двајца играчи биле МВП повеќе од еднаш: Хрватот Ивано Балиќ (2004, 2006) и Французинот Никола Карабатиќ (2008, 2014).

2 – Двете најдобри репрезентации од секоја земја ќе обезбедат место во главната рунда на ЕП 2022, кои ќе се играат во Будимпешта и во Братислава.

3 – Три земји учествуваа на сите финални турнири на ЕХФ ЕУРО од 1994 година: Шпанија, Хрватска и Франција.

3 – Три земји го имаат освоено целиот сет на медали (злато, сребро, бронза): Германија, Данска и Шпанија.

4 – Четири титули е рекордот на Шведска (1994, 1998, 2000, 2002), пред Франција, која има три (2006, 2010 и 2014 година).

4 – Четири пати Шпанија загуби финале (1996, 1998, 2006, 2016) пред конечно да го освои својот прв трофеј во 2018 година; Хрватска ги загуби сите три финалиња на кои се појавија (2008, 2010, 2020 година).

6- Шест земји го освоија злато на претходните 14 турнири на ЕХФ ЕУРО: Шведска (4), Франција (3), Шпанија, Данска, Германија (по 2) и Русија.

8 – Осум медали има освоено Шпанија, зад неа се Данска и Хрватска со по шест медали.

12 – Различни нации имаат освоено медали: Шведска, Франција, Шпанија, Данска, Германија, Русија, Хрватска, Србија, Словенија, Југославија, Норвешка и Исланд.

22 од 24 учесници на ЕХФ ЕУРО 2022 играа и во 2020 година; Литванија и Словачка се замена за Летонија и Швајцарија.

63 одиграни натпревари на завршните турнири на ЕХФ ЕУРО од 2004 година го прават Никола Карабатиќ број 1 во ова рангирање.

На ЕХФ ЕУРО 2022 ќе се одиграат 65 натпревари: 36 во шесте групи од прелиминарната рунда, 24 во главната рунда, два во полуфиналето, мечот за пласман од 5/6, мечот за бронзениот медал и финалето.

65 голови е рекорд, поставен од Норвежанецот Сандер Сагосен во 2020 година; Претходниот рекорд беше 61 на Кирил Лазаров од Македонија во 2012 година.

На сиве овие бројки, ние би додале дека од ова Европско првенство, Македонија ќе биде уникат, селекторот ќе биде и капитен на еден национален тим и ќе биде лидер на теренот.

ПретходноВрањеш: Не сакам на трибините да видам 500 Македонци, а само тројца Словенци
СледноКуманово ги запали „моторите“, останува без еден странец?