ПСЖ испратил понуда за Ридигер и тоа појака од онаа на Реал

231

Германскиот дефанзивец Антонио Ридигер летоска станува слободен играч и уште сега може да си договори трансфер во друг клуб. Тој не сака да остане во Челзи и со сигурност си оди од „Стемфорд Бриџ“, а изминатите денови се споменуваше негов трансфер во Реал Мадрид меѓутоа сметките може да ги помати Пари Сен Жермен.

Според пишувањата на француските медиуми, ПСЖ на играчот му понудил договор со плата од седум милиони евра годишно, а се верува дека таа е повисока од онаа што ја испратил Реал.

Од друга страна пресудно може да биде желбата на Ридигер да игра во Реал Мадрид.

Од Челзи се уште се надеваат дека ќе успеат да го убедат бекот да остане во Лондон, но како што стојат работите тоа тешко ќе се случи. Поверојатно е да отиде во друг клуб отколку да продолжи со „сините“.

Освен ПСЖ и Реал за него се интересира и Баерн кој има и најмали шанси да го ангажира.

Инаку Ридигер играше за Штутгарт и за Рома во текот на кариерата, а во 2017 година отиде во Челзи.

ПретходноАрсенал не шутна на голот и е елиминиран од Нотингем во ФА Купот
СледноТрезеге ќе биде спортски директор на трофеен еквадорски клуб