Се опорави од коронавирус, но навивачите на ПСЖ имаат нова главоболка поради Меси

497

ПСЖ во рамките на 20. коло во Лига 1 му гостува на Лион. На овој натпревар во составот на „светците“ нема да биде Лионел Меси. Иако аргентинскиот фудбалер го победи коронавирусот, сепак ќе му биде потребно време за да се врати во форма.

Меси во следните денови ќе тренира индивидуално за да биде максимално подготвен во следните мечеви.

Според тамошните информации Аргентинецот на Маурицио Покетино би можел да му се стави на располагање дури на 15. јануари, за мечот со Брест на домашен терен.

Без Меси ПСЖ одигра само еден натпреваро во Купот.

Оваа сезона тој одигра 16 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања и постигна шест гола со пет асистенции. Помалку, неверојатно, на 11 мечеви во Лига 1 има само еден погодок, додека останатите пет ги постигна на пет средби во ЛШ.

Кога станува збор за ПСЖ, има 46 бода и убедливо го држи првото место на табелата.

ПретходноКако Серхио Рамос го ограби ПСЖ?
СледноМајами убедливо против Феникс, брутална партија на Сабонис (ВИДЕО)