Тотенхем се спаси од бламажа во ФА купот

126

Му се закануваше вистинска катастрофа на тимот на Тотенхем во тамките од 1/32 фазата од ФА купот денеска против нисколигашот Моракамп, но за среќа избраниците на Антонио Конте на време се соземаа, па по негативата од 0:1 успеаа на крајот да слават со конечни 3:1. О‘Конор успеа да погоди за 0:1, и да најави можна сензација, а Тотенхем имаше негатива се до 74. минута. Тогаш Вајт погоди за 1:1, а во 85. минута Лукас Моура конечно му донесе мир на домаќинот. Хери Кејн мораше да влезе во игра и да ги постави конечните 3:1.

Ливерпул со  4:1 го совлада Шеузбери, додека пак Вест Хем го совлада Лидс со конечни 1:0.

Резултати 1/32 ФА Куп:

Чарлтон – Нориџ 0:1

Ливерпул – Шрузбери 4:1

Стоук – Лејтон Ориент 2:0

Тотенхем – Морекамп 3:1

Вест Хем – Лидс 1:0

Вулверхемптон – Шефилд Јунајтед 3:0

ПретходноМихајловиќ за Новак: Го направија херој на антиваксерите!
СледноНОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА СО ОСУМ ЦИФРИ ОСВОИ НАЈНОВАТА СУПЕР МИЛИОНЕРКА