До стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка остануваат уште нецели четири дена. Дел од репрезентациите и натаму имаат проблем со позитивни играчи и стручен штаб на коронавирус.
Дејан Милосављев, некогашниот голман на Вардар има коронавирус, иста е ситуацијата со Немања Илиќ.
Од 3. јануари па навака, 11 членови на српската репрезентација беа позитивни на Ковид-19, дел од нив се физиотерапевти, членови на стручниот штаб, како и шест играчи.
Илија Абутовиќ и Дејан Милосављев имаат благи симптоми. Добро е познато дека за настап на Европското првенство, покрај петдневната изолација, сите ќе треба да имаат два негативни тестови.
Србија е во група со Франција, Хрватска и Украина, играат во Сегедин.