Вчера новиот стратег на Брегалница, Илчо Ѓорѓиоски заедно со играчите го одработи првиот тренинг како шеф на тимот. Се работеше на теренот на Градскиот стадион под Исарот, а веднаш од негова страна им беше кажано што се бара и што се очекува од нив.
Се разбира дека амбициите напролет се да се биде што поблиску до врвот на табелата, а за таа цел Брегалница ќе донесе и адекватни засилувања. Како нови имиња се споменуваат Кристијан Стојкоски и Давид Атанаскоски.
Главната фаза од подготовките ќе се одвива во Анталија, каде ќе се одиграат и неколку пријателски средби.
ФОТО: Stipski Asovi FB