Добра вест за Лејкерси: Ентони Дејвис се врати на тренинг

107

Лејкерси добија оптимистички вести за враќањето на Ентони Дејвис по повредата која го мачи веќе скоро еден месец.

Дејвис беше забележан на тренингот на тимот пред натпреварот против  Мемфис. Тој се појави на теренот со мобилизирано лево колено, но тоа, според изворите, е направено превентивно.

Дејвис беше повреден на 19 декември на мечот против Минесота, кога ги истегна лигаментите на левото колено. До крајот на оваа недела ќе бидат направени и финалните тестови, по кои лекарите ќе го кажат конечниот збор за неговата повреда и враќањето на терените.

ПретходноТргна и Воска Спорт: Цицмиловиќ означи старт на подготовките…
СледноОмикрон никако да го „пушти“ тимот на Љафтов: 9 играчи во изолација