Агонијата заврши: Новак веќе почна со тренинзи…

355

Се чини дека агонијата заврши. Новак Ѓоковиќ, како што е познато го доби судискиот процес во Мелбурн и тој е слободен. И како голем спортист веднаш почна со тренинзи. Во друштво на својот тим тој го одработи и првиот тренинг на “Род Лејвер Арената“.

Секако дека имаше што да им порача на своите фанови и поддржувачи во целата оваа ситуација која беше навистина непријатна за него и неговите најблиски.

Тој на социјалните мрежи истакна дека и покрај се тој очекува настап на АО. Сепак за тоа дали ќе се оствари останува да се каква ќе биде конечната одлука на властите во Австралија.

Прес во Белград одржа и неговото семејство. И тие се заблагодарија на поддршката.

Инаку јасно е дека ако Ѓоковиќ добие дозвола за настап на АО тогаш тој ќе има мотиви до небо да дојде до рекордната 20 Грен слем титула и со тоа да стане најдобриот тенисер во историјата.

ПретходноДимитриевски го прави трансферот на соништата и заминува во Барселона
СледноФатих Терим се раздели со Галатасарај!