Самуел Умтити уште долго ќе биде дел од тимот на Барселона. Денеска тој и управата на клубот постигнаа договор за потпишување на нова соработка до 2026 година со што се става крај на шпекулациите околу иднината на Французинот на Ноу Камп.
Умтити, како што пренесуваат медиумите, се согласил на смалување на платата и со тоа отворил врата што се вели да може да биде и официјално регистриран Феран Торес, инаку најновото засилување на тимот на Барселона зимава.
FC Barcelona and @samumtiti have reached an agreement to extend the latter’s contract until 30 June 2026. The French defender is reducing a part of the salary that he was due to receive in the year and a half remaining on his contract.
More info 👉 https://t.co/0UzCLewHDM pic.twitter.com/hNdmR2iBBP
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 10, 2022