Шампионот и дефинитивно не се шегува. Имено како што велат нашите информации, Клисман Цаке, досегашниот фудбалер на Струга ТЛ потпишува за Шкендија. Се разбира дека тоа ќе биде големо засилување за дефанзивата на тетовци, имено станува збор за еден од најдобрите дефанзивци во ПМФЛ. Тој во Струга ТЛ во изминатите три години се етаблира во врвен играч за наши услови.
Интернационалецот од Албанија имаше понуди од Хрватска и Унгарија, но сепак се реши за Шкендијa. Со оглед на тоа дека Цаке се уште е под договор со Струга ТЛ, тетовци ќе исплатат и отштета.
Ова и за Струга ТЛ е добар “бизнис“, посебно ако се знае дека во јуни тој е слободен играч.