Васоски: Сакам да играм атрактивен фудбал, но тоа да биде вреднувано со успех

452

Како што Спортмедиа најави уште пред десетина, дена, Александар Васоски е нов тренер на тимот на Сараево. Македонскиот фудбалски стратег ја има својата прва интернационална епизода, откако со успех ги предводеше во домашниот шампионат, Вардар односно Академија Пандев.

Тој денеска и официјално беше претставен во клупските простории на ФК Сарајево.

„Секако дека е чест и задоволство да се биде дел од тимот на Сараево. Секако, пред се голема одговорност за која што тврдам дека можам да ја поднесам. Сараево е голем клуб, и целта секако ќе биде да постигнуваме врвни резултати. Целта се титули и успеси во Европа. Сакам да играм атрактивен фудбал но истиот да биде вреднуван со успех“ – изјави Васоски.

ПретходноДавид Дејвис го поведе Вардар
СледноШок за Италија, Киеза не игра со Македонија (ВИДЕО)