Прво промоцијата а потоа и првиот тренинг со својот нов тим. Македонскиот стратег Александар Васоски денеска со Сараево го имаше својот прв тренинг. Прво се запозна со играчите, имаше прозивка а потоа и се работеше. Се разбира дека тука е нашиот интернационалец Крсте Велкоски, а Васоски за свој прв помошник и во Сараево ќе го има Раденко Бојовиќ, со кого заедно беа и во Вардар и во Aкадемија Пандев.
Тука е и Михајло Костиќ, кондицискиот тренер со кого Васоски соработуваше во Вардар.