Јапонскиот интернационалец Шинџи Кагава ќе ја продолжи кариерата во белгиската Жупилер лига. 32-годишниот јапонски фудбалер беше хит во Борусија Дортмунд, потоа отиде во Манчестер Јунајтед и потоа неговата кариера почна да оди по надолна линија. По неуспехот во Бешикташ, шпанскиот второлигаш Сарагоса и грчки ПАОК сега ќе се обиде да ја возобнови кариерата во белгискиот Сент Тројден.
Екипата која е на 13-тото место на табелата го ангажира Јапонецот до крајот на сезоната со можност договорот да биде продолжен.
Shinji Kagawa é o mais recente reforço do Sint. Truiden a custo zero.
O médio de 32 anos estava livre no mercado desde Dezembro, após rescindir contrato com o PAOK. pic.twitter.com/vVcvBf8zcl— Diário de Transferências (@DTransferencias) January 10, 2022