Така е тоа, кога не ти се допаѓа прашањето, тогаш ти го прекинуваш пресот. Имено денеска се случи мал инцидент на пресот на семејството Ѓоковиќ. Таткото и братот на Новак, како и неговата мајка, посакаа да ја раскажат својата приказна од сите случувања на Новак во Мелбурн. Секако дека беа радосни и среќни зошто Србинот успеа да победи на судското рочиште, но сепак на крајот малку ги изненади едно прашање од еден странски новинар.
А тоа беше зошто Ѓоковиќ ако знаел дека на 16 декември бил позитивен на Ковид-19, во текот на следните денови се шетал низ Белград и бил гостин на неколку манифестации.
По ова таткото Срѓан веднаш го прекина пресот.