Каталонски “Спорт“: Роналдо би можел да дојде во Барса!

304

И одново медиумите во Шпанија, а посебно Каталонија и оние кои се наклонети кон Барселона, тврдат дека нема ништо чудно да биде Кристијано Роналдо да дојде на „Камп Ноу“. Него му било смачено во Манчестер Јунајтед, едноставно не може да се снајде во формацијата на Ралф Рангник па очајно сака да си побегне од „Олд Трафорд“. Токму затоа и неговиот менаџер Мендеш беше деновиве во Манчестер.

Каталонски „Спорт“ информира дека Мендеш веќе имал контакти со Лапорта околу евентуалниот трансфер на неговиот клиент во Барселона.

Сепак ова е во доменот на шпекулациите, посебно ако се знае во каква финансиска ституација е каталонската гордост.

ПретходноИнцидент на пресот на семејството Ѓоковиќ во Белград!
СледноСтојкоски сепак се реши за “лавовите“, со Македонија ЃП тенира и Фазли!