Синоќешниот земјотрес со епицентар во соседна Грција, во нашата држава најмногу се почувствува во градот Битола. Сликите од синоќа ги видовме сите, исплашените граѓани до доцна во ноќта стоеа на отворено во страв да не се случи уште некој посилен потрес.
Секако, во вакви ситуации, солидарноста и помошта не само што е потребна, туку е неоподна, па навивачлката група Комити меѓу првите се понуди за такво нешто доколку секако е потребно.
„Како навивачка група, но пред се како луѓе будно ја следиме ситуацијата по вчерашниот земјотрес кој најсилно ја погоди Битола.
Спремни сме во секој момент да реагираме и да пружиме помош доколку биде потребна. Како скопјани, многу добро знаеме со каков страв се соочија вчера граѓаните на Битола.
Се надеваме и ќе сториме се што е во наша моќ, тие да не почувствуваат ниту дел од болката и тагата кои Скопје ги доживеа пред 59 години.
Секако, веруваме дека по вчерашниот земјотрес, одредена група на луѓе конечно научи дека земјотресот е колективна несреќа, која не би требала да се посакува никому“ – велат Комити.