Коронавирусот го одложи четвртиот „балон“ во АБА 2-лига

100

Коронавирусот прави проблеми во сите спортови. Поради зголемениот број на позитивни случаи во сите земји и големиот замав кој го зеде новиот сој, АБА 2-лига ги информираше клубовите дека четвртиот „балон“ нема да се одигра во предвидениот термин.

Наместо од 17. до 23. јануари, турнирот ќе се одигра од 6. до 12. февруари, домаќинот останува ист – Бања Лука.

МЗТ Скопје е на втората позиција на табелата, додека пак Пелистер е претпоследен.
ПретходноНА ТРИ ДЕНА ПРЕД ЕП: Проблем за Македонија, петмина позитивни на Ковид-19!
СледноЈунајтед на “мускули“ ја победи Астон Вила во ФА Купот!