НА ТРИ ДЕНА ПРЕД ЕП: Проблем за Македонија, петмина позитивни на Ковид-19!

1091

Од Дебрецен, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација се соочи со проблемите кои не ги избегнаа сите учесници на Европското првенство. На последното Ковид-тестирање задолжително од ЕХФ, петмина ракометари се позитивни и тоа на три дена пред стартот на континенталното натпреварување. Засега не се откриваат нивните имиња.

„Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација, беа извршени ковид ПЦР тестирања на 4ти и 7ми и 10ти јануари.

Според резултатите од денешните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови на таборот на Ракометната федерација на Македонија, кај 5 (пет) претставници кои утре требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, детектиран е вирусот SARS-CoV- 2 (Covid-19)“, информираа од РФМ.

Нашите ракометари утре во 14:10 часот со чартер лет заминува за Дебрецен, градот домаќин на групата А. Македонија првата средба ја игра на 13. јануари против Словенија.

ПретходноПобеда ги договори Тофилоски, Јорданчо и Марио Наумоски, Истатов…
СледноКоронавирусот го одложи четвртиот „балон“ во АБА 2-лига