Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар се врати во Франција. Тој го заврши опоравувањето од повредата и се врати во Париз. Фудбалерот претходно беше во Бразил каде работеше со членовите на медицинскиот штаб на парижани.
Нејмар заработи повреда на скочниот зглоб на натпреварот против Сент Етјен. Домашниот дефанзивец во финишот на мечот имаше груб старт врз бразилскиот фудбалер, а како последица на судирот, Нејмар го исчаши левиот зглоб и не успеа сам да го напушти теренот.