Никола Митревски пред ЕП: Треба да играме со срце и глава!

210

Никола Митревски е еден од оние ракометари кои имаат големо искуство на големите натпреварувања. Македонскиот репрезентативен голман има одлична сезона, прогласен е за најдобар на својата позиција во Португалија, а токму благодарение на него Порто многу пати славеше на дерби мечевите.

Митревски како и останатите момци едвај го чекаат стартот на Европското првенство од кое не делат три дена. Најважно е дека атмосферата е позитивна, се работи максимално.

„Остануваат уште неколку дена до почетокот на првенството, сите играчи даваат максимум на тренинзите, атмосферата е одлична, позитивна, тренираме добро и со нетрпение го очекуваме првиот натпревар“, вели Митревски за СПОРТМЕДИА. 

Според чуварот на мрежата најважно е да се одигра со срце, и секако да не се избрзува, секоја ќе има своја поставена задача.

„Треба да очекуваме игра со срце и глава, бидејќи сме максимално подготвени. Мора секој да го даде својот придонес“.

Словенија е прв противник на Македонија на ЕП. За да се добие едно вакво име треба многу повеќе.

„Можеби тие се фаворити, но ние ќе излеземе да го дадеме нашиот максимум. Словенија е една репрезентација со многу врвни играчи, коишто играат во најголемите европски клубови, затоа ќе ни биде потребно да одиграме на 100% од нашите можности за да издвојуваме победа“.

Митревски во изминатиот период заедно со Томовски и Кизиќ, работеа со Соколески. Задоволен од соработката, нивната задача е поинаква, тие последни одлучуваат дали ќе биде гол или не, главна е одбраната.

„Ние тројца плус Ице Соколески, работиме, тренираме, се подготвуваме заедно, доволно се познаваме и одлично соработуваме, ние сме една позиција во екипата која што последна одлучува или влијае на тоа дали ќе биде гол или не и секогаш зависиме едни од други со одбраната“.

ПретходноЕкс-играч на Јунајтед и Дортмунд ќе игра во белгиски Ст.Тројден
СледноРФМ со премија: Ракометарите ќе добијат 50.000 евра за пласман во втората фаза на ЕП!