Некогашниот француски репрезентативец Франк Рибери игра во Салернитана со која има договор до крајот на сезоната. На италијанскиот клуб не му оди и се очекува да се врати во Серија Б, а поради тоа Рибери да си замине од клубот. Па така претставници на Рибери почнаа да го нудат на други клубови.
Така се дојде до Бразил и до клубот Сеара која се натпреварува во бразилската Серија А. А првиот човек на клубот Робинсон де Кастро го прокоментира ова за „Глобо Еспорте“.
„Ми се јавија и ми предложија да го донесеме Рибери. Како реагирав? Не ни знаев дека тој уште игра фудбал. А дали ќе пробаме да го доведеме тоа не можам да ви го кажам“, изави Де Кастро.
Рибери има 38 години, во април ќе наполни 39, а оваа сезона одигра 12 натпревари во Серија А со ефект од две асистенции но се уште нема постигнато гол.
Тој се прослави во дресот на Баерн Минхен, а играше и за Фиорентина, Баерн Минхен, Марсеј и Галатасарај.
🇧🇷 À 38 ans, Ribéry, actuellement sous contrat avec la Salternitana en Serie A, aurait été proposé au club brésilien de Cearahttps://t.co/WE0R50YZ8H
— RMC Sport (@RMCsport) January 8, 2022