Првиот човек на Џенова појасни дали планира да го смени Шевченко

630

На екипата на Џенова не и оди ни под раководство на Андриј Шевченко. Тимот на Горан Пандев вчера загуби дома од Специја и се поизвесно е дека таа од наредната сезона ќе игра во Серија Б. Моментално Џенова е претпоследна на табелата со само една победа и 12 бодови, а полоша од неа е Салернитана но оваа екипа може да се пофали со три победи сезонава.

Џенова е непрепознатлива и под водство на Шевченко, а претседателот на клубот Алберто Зангриљо засега не планира да му врачи отказ на Украинецот.

Ќе ви дадам пример: кога нешто ќе тргне на лошо во медицинскиот тим, не го менуваме главниот. Ја анализираме ситуација, разговараме и бараме решение. Точно дека ова се тешки моменти за сите, за тренерот, за играчите, за нас како раководители. Да покажеме активност на трансфер пазарот и да го зајакнеме тимот“, изјави првиот човек на клубот за „Тутомеркатовеб“.

По 21 коло Џенова има 12 бодови. Салернитана иако е последна со 11 има два меча помалку. Инаку Џенова ја  почна сезоната со Давиде Балардини но беше сменет на 6 ноември.

ПретходноИбрахимовиќ изедначи уникатен рекорд на Роналдо!
Следно„Ни го понудија Рибери, а јас ги прашав: Тој уште игра фудбал?“