РФМ со премија: Ракометарите ќе добијат 50.000 евра за пласман во втората фаза на ЕП!

310

Така тоа го прави една голема федерација. Како што е и вообичаено за нашата Ракометна федерација, таа и официјално вети висока премија за нашите репрезентативци. Имено избраниците на Кирил Лазаров ќе добијат премија од 50.000 евра за пласман во вториот круг или втората фаза на ЕП кое започнува на 13 јануари. Секако дека ова треба да е дополнителен мотив за момците, кои и онака имаат мотиви до небо кога играат за Македонија на големите натпреварување.

Да се потсетиме Македонија е во група со Словенија, Црна Гора и Данска.

Пласман во втората фаза на ЕП носи само едно од првите две места во групата.

ПретходноНикола Митревски пред ЕП: Треба да играме со срце и глава!
СледноИграч во МЛС е четврта генерација на фудбалери во фамилија!