Со прозивката и тестирањето, а потоа и со првиот тренинг, денеска и фудбалерите на Воска Спорт ги стартуваа подготовките за тоа што ги очекува во пролетниот дел во ВМФЛ – ЗАПАД. А, ги чека тешка битка за пласман во ПМФЛ.
Познато е дека есенскиот дел охриѓани го завршија како втори и тоа со три бода предноста пред Вардар.
Денеска на собирот кој го имаше тимот под водство на стратегот Раде Цицмиловиќ, тука беа и новите имиња и тоа Алтин Лога, Арѓент Гафури, Дејан Силјановски и Дарко Размоски. Се говори дека ќе има барем уште две до три квалитетни засилувања.
Воска Спорт целиот тек од подготовките ќе го мине во Охрид, а засега закажани се неколку пријателски средби и тоа со Братство, Струга Трим Лум, Ренова, Борец, Победа.