Знаеме и сме пишувале за фамилии со по три генерации на фудбалери како Малдини, Алонсо, Гудјонсен, Вајс, Клајверт, Куман… меѓутоа има и такви со по четири генерации на фудбалери. Сигурно првпат слушате за фамилијата Шалои. Таа е фудбалска. Четири генерации на фудбалери…
Најмладиот е Даниел Шалои, сега има 25 години и игра како лево крило во Спортинг Канзас Сити во МЛС лигата. Неговата кариера почнува во Ујпешт од Унгарија, на 18 години дебитирал во најсилната унгарска лига, а потоа во 2017 година одлучил да оди преку Океанот и да заигра во најсилната американска фудбалска лига.
А да го посочиме фамилијарното дрво на Шалои.
Прадедото Јено Шалои играл фудбал во триесеттите и четириесеттите години на минатиот век и тоа како дефанзивец за Балашаѓармат, еден од најстарите клубови во државата. Тој имал двајца браќа и сите биле вклучени во фудбалот, едниот од нив – Аладар дури заиграл за италијанската Фоџа во 1935 година. Вториот – Јено цела кариера ја поминал во Балашаѓармат, а потоа бил фудбалски судија.
Синот на Јено (дедото на Даниел), Иштван Шалои е роден во Балашаѓармат, освен за истоимениот клуб играл и за Татабања каде до достигнал зенитот како профи фудбалер во седумдесеттите години на минатиот век.
Неговиот син, односно таткото на Даниел, Иштван Шалои јуниор бил напаѓач, играл за Видеотон, Хонвед, Ѓер и во израелските Беитар и Макаби Херзлија. Ја завршил кариерата во 2000 година и потоа работел како тренер, сега е спортски директор на МОЛ Фехервар.
Неговиот син Даниел рековме е фудбалер, а има и три настапи за репрезентацијата на Унгарија. Дебитираше за националниот тим во септември минатата година.