Тимот на Академија Пандев во моментов е во фаза на реконструкција. Заминувањето на Александар Васоски од тренерското место го испразни столчето, и во следните денови ќе се знае кој е следниот кај второпласираниот тим по есенскиот дел од сезоната.
Од друга страна пак, Пепи Горгиев веќе е промовиран како новитет, а што се однесува до заминувањата, од Струмица си оди младинскиот репрезентативец Бесник Ферати.
Тој на пролет ќе има нов клуб, а ќе видиме за каква солуција ќе се одлучи.