Вечерва медиумите во Англија известуваат дека Арсенал подготвил 180 милиони евра за ангажман на Душан Влаховиќ. Имено Микел Артета го посакува по секоја цена напаѓачот на Фиорентина и за тоа ќе плати 70 милиони евра отштета. Исто така Влаховиќ би добил 50 милиони евра за пет години и тоа нето. Значи 10 милиони евра по сезона, тука не се сметаат разните бонуси.
Ова е понуда која едноставно не може да се одбие.