Давид Дејвис го поведе Вардар

426

Ракоментиот клуб Вардар на чело со тренерот Давид Дејвис претпладнево ги стартуваше подготовките за пролетната полусезона. Секако, скратен состав со оглед на фактот што голем дел од првотимците се дел од претстојното Европско првенство во Унгарија, па затоа и Дејвис поведе екипа во половичен состав.

Дејвис седнува на тренерската клупа на Вардар, но тој веќе беше дел од тимот и како помошник освои европска шампионска круна, титула во СЕХА лигата и двојна круна во домашното првенство. Сега ќе биде прв тренер и ќе го подготвува тимот за настап на три фронта: Во ЛШ, во СЕХА лигата и во домашното првенство.

Тимот останува во Скопје до одигрување на првите официјални натпревари, кои според сегашниот план би требало на бидат на почетокот на февруари. На собирот отсуствуваа оние што се со своите репрезентации и ќе настапуваат на ЕП: Томовски, Талески, Мишевски, Георгиевски, Стоилов, Валчак, Чувара, Гаџа, Ѓукиќ.

ПретходноИграч во МЛС е четврта генерација на фудбалери во фамилија!
СледноВасоски: Сакам да играм атрактивен фудбал, но тоа да биде вреднувано со успех