Интер чека Кореја да постигне гол и веднаш да го откупи неговиот договор

338

Интер планира за еден месец да го откупи Хоакин Кореја. Напаѓачот е на позајмица од Лацио со опција за перманентен трансфер по завршувањето на сезоната.

Сепак, во договорот меѓу двата клуба постои клаузула според која шампионот може да го купи играчот порано: веднаш по освојувањето на првиот бод во Серија „А“ од 2 февруари, па натаму. За самиот трансфер Интер на римјаните им плаќа 5 милиони евра, а уште 25 милиони ќе им должи со активирање на клаузулата.

27-годишниот Аргентинец има 4 гола на 13 натпревари во досегашниот дел од првенството.

Претходно„Пандевци“ означија старт на подготовките, засега тренинзите под водство на Стојчев!
СледноПовторно позитивни: Хрватска без Циндриќ и Дувњак ќе патува на ЕП!