Официјално: Али Адем се враќа во Арис!

1151

И официјално, Шкупи остана без Али Адем, одличниот играч за врска. Имено како што потврдија од таборот на чаирчани, нашиот младински репрезентативец по една година минати на Чаир, мора да се врати во Арис од Солун со кого е под договор.

Шкупи му се заблагодари на досегашната соработка, а Адем изјави…

Шкупи е голем клуб и се надевам дека ќе ги оствари своите цели. Имавме исклучителна соработка во изминатата година, постигнавме голем успех. Благодарност до сите во клубот, моите соиграчи, главниот тренер, стручниот штаб, раководството на клубот и секако до фановите – Шверцери“ посочи Али Адем.

ПретходноВасоски тргна со Сараево, одработен првиот тренинг! (ВИДЕО)
СледноТорино ја “растури“ Фиорентина!