И официјално екипата на Академија Пандев од денеска е во “погон“. Имено означен е старт на зимските подготовки, а со оглед на тоа дека струмичани останаа без тренер по заминувањето на Александар Васоски во Сараево, до назначувањето на нов шеф на стручниот штаб, трензите ќе ги води Ѓорге Стојчев.
Планот е воведниот дел да се одработи во Струмица, за да потоа од 20 јануари се оди во Анталија каде екипата ќе биде 12 дена. Во тој период ќе се одиграат и шест контролни натпревари. Засега ново име е само Пепи Горгиев.