Во таборот на Работнички, не ги изненади денешниот снег кој веќе неколку часа непрестано паѓа во нашиот главен град. „Романтичарите“ викендов ги стартуваа подготовките, работат со полна пареа, и а тоа што условите во моментов за тренинг се ужасни тоа и не е така важно.
Тренерот Борче Христов планира на пролет овој тим да одигра сосема поинаку одколку есеноска односно да освојува бодови, и да победува, па снегот и временските услови сигурно се „плус“ во неговиот тренинг само како напомена дека во фудбалот нема ништо лесно и дека се треба да се заработи на терен.