Стојкоски сепак се реши за “лавовите“, со Македонија ЃП тенира и Фазли!

1136

И покрај тоа што Брегалница силно го посакуваше, а и новиот тренер на „сините“ Илчо Ѓорѓиоски инсистираше да му се донесе, сепак најновите информации велат дека Кристијан Стојкоски сепак се реши за Македонија ЃП. Досегашниот капитен на Работнички во наредниот период ќе го носи дресот на својот матичен клуб, а тоа е Македонија ЃП.

Како што дознаваме преговорите се завршени, се е решено, само останува уште промоцијата.

Исто така дознаваме дека со екипата на Македонија ЃП тренира и Самир Фазли. Е, сега дали и тој ќе се врати во својот матичен клуб, останува да се види.

ПретходноКаталонски “Спорт“: Роналдо би можел да дојде во Барса!
СледноВасоски тргна со Сараево, одработен првиот тренинг! (ВИДЕО)