Во дербито на денот на Африканскиот куп на нациите, репрезентацијата на Нигерија го совлада Египет со 1:0. Единствениот гол го постигна напаѓачот на Лестер Келечи Ихеначо во 30. минута. Египет кој за селектор го имаат Карлос Кеирош, а во тимот Мохамед Салах, Трезеге, Елнени, Мармуш потфрли на овој меч. Имаше повеќе посед на топка, но мал број на шанси за да постигне гол. Нигеријците беа подобро во нападите кон противничкиот гол имаа 15 обиди од кои пет шутеви беа во рамките на голот.
ГОЛОТ НА ИХЕНАЧО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ
Да потсетиме, Нигерија е трикратен освојувач на Африканскиот куп, последен пат во 2013 година, додека Египет е најтрофеен со седум титули, а последната ја освоија во 2010 година.
На другиот меч од оваа група Д, Судан и Гвинеја Бисао одиграа 0:0.
Без голови заврши и мечот меѓу Сиера Леоне и актуелниот шампион Алжир од групата Е.